Sefa Şahin
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
АНКАРА (АА) – Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека неутрализирани се 11 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата објавена на профилот на Твитер на Министерството, се истакнува: „Не дозволивме и нема да дозволиме терористичката организација ПКК/ЈПГ да го нарушува мирот и безбедноста во регионот на [операцијата] „Извор на мирот“. Нашите херои командоси, кои ги преземаа сите мерки на претпазливост во регионот, спречија уште еден обид за напад и неутрализираа 11 терористи на ПКК/ЈПГ.“
Исто така споделени се и видео снимки од операцијата.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.