ИСТАНБУЛ (АА) - ХАНДАН КАЗАНЏИ -
Турската Црвена полумесечина изминатата година им помогна на 37 милиони луѓе и сака дополнително да ја зголеми помошта во 2021 година, соопшти директорот на хуманитарната организација.
Керем Киник за Агенција Анадолија (АА) изјави дека е задоволен од можноста што турската Црвена полумесечина ги исполнила своите обврски во 2020 година со помош на волонтерите и нејзините вработени.
„Но, сличен товар нè чека во 2021 година“, додаде тој.
Во 2021 година, организацијата „ќе ги зајакне волонтерските [проекти], особено зајакнувајќи ја флексибилноста на општеството, зајакнувајќи ја индивидуата, подготвувајќи се за катастрофи“, нагласи Киник.
Тој се осврна на онлајн платформата за волонтери, gonulluol.org, која беше лансирана како дел од проектот на турската Црвена полумесечина.
„Тоа е платформа за солидарност каде што тие [учесниците] ќе го завршат своето унапредување преку обука и ќе добијат и ќе придонесат кон многу различни проекти на Агенцијата“, објасни тој. „Нашата цел е да достигнеме бројка од 2 милиони волонтери.“
Киник ги даде изјавите по присуството на отворањето на изложба за одбележување на над 150-годишната историја на турската Црвена полумесечина како хуманитарна агенција.
„Историјата на нашата бесконечна солидарност - Црвената полумесечина“ може да се види во истанбулскиот кварт Бејоглу во Центарот за култура „Тарик Зафер Тунаја“ од 14 јануари до 27 февруари.
„Изложбата ја рефлектира нашата заедничка историска позадина, не само национално турската, туку како човештво“, рече Киник претходно. „На нашите постери можете да ја видите глобалната солидарност на човештвото за време на големите катастрофи.“
- „153 години движење на добрината“ -
Киник ја опиша својата агенција како „непрекинато движење на добрината 153 години“.
„Тоа е структура која сè уште живее со истите вредности на кои е основана и му служи на човештвото со овие вредности“, рече тој, додавајќи дека Агенцијата се обидува да допре секаде каде што може за да даде помош.
Особено со актуелната состојба во светот, кој е среде биолошка катастрофа со коронавирусот, Киник ја истакна важноста на глобалната солидарност.
„Турската Црвена полумесечина им помогна и на другите хуманитарни организации низ целиот свет“, додаде тој.
„2020 година беше напорна година, започна со катастрофи, продолжи со катастрофи и заврши со катастрофи“, рече Киник, посочувајќи на поплавите во црноморската турска област Гиресун, земјотресот во егејската област Измир, како и на шумските пожари во јужната област Хатај.
„Сето ова се случи за време на коронавирусот“, додаде тој.
- „1 од 8 луѓе во Турција е дарител на крв“ -
Киник го истакна фокусирањето на турската Црвена полумесечина на дарувањата крв.
Опишувајќи го тоа како национална должност, Киник рече: „Има околу 10,5 милиони доброволни дарители на крв регистрирани во базата на податоци на Агенцијата. Значи, еден од секои осум лица во Турција е дарител на крв за Црвената полумесечина.“
„Имаме речиси 800.000 дарители на матични клетки“, рече тој, и додаде дека околу 50.000 дарители на имунолошка плазма за Ковид-19 донирале над 100.000 единици имунолошки компоненти на крвна плазма, кои се трансплантирани кај пациентите и им помогнале да оздрават.
„Тие напори се дел од јавната акција во здравството што ќе продолжи да се спроведуваа долж тие линии“, посочи Киник.
„Во 2021 година, Агенцијата ќе го зголеми производството на опрема за лична заштита, како и својата работа во крводарителството“, рече Киник.
Турската Црвена полумесечина во 2021 година, исто така, ќе ја зголеми својата меѓународна помош, а бројот на постојани делегации на Црвената полумесечина во странство ќе се зголеми на 18, со канцеларии во Азербејџан и Етиопија.
Основана во 1868 година, турската Црвена полумесечина на својата веб-страница вели дека нејзината мисија е „обезбедување помош за сиромашните лица и беспомошните луѓе при катастрофи и во нормални услови како проактивна организација, потоа развој на соработката во општеството, обезбедување крв и намалување на ранливоста“.
Истакнувајќи дека Агенцијата испратила над 5.000 камиони хуманитарна помош само во 2020 година, Киник рече: „Нашето помагање ќе продолжи по овие линии колку што можеме, со цел да постигнеме глобална благосостојба.“
news_share_descriptionsubscription_contact
