AP
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
БЕИТ ЛАХИЈА (AA) – Од ОН изјавија дека се неопходни околу 540 милиони долари (околу 437 милиони евра) за хуманитарна помош на палестинските територии во 2018 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џејми Мекголдрик, главниот хуманитарен координатор на ОН, денес изјави дека 75 отсто од таа сума е неопходно за Појасот на Газа, каде, како што истакна „секојдневно се одвива трагедија“.
Газа е под израелска и египетска блокада откако контролата над таа територија во 2017 година ја презеде Хамас.
Половина од сумата е планирана за проектите на УНРВА, главна агенција на ОН задолжена за палестинските бегалци, откако Вашингтон ја намали финансиската поддршка за оваа година.
Остатокот на парите се потребни за набавка на храна, питка вода, санитарни уреди, изградба на засолништа за бегалците и проекти во образованието.