Niğmet Koşarhan
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
AНКАРА (AA) - Авионите на турските воздухопловни сили ги бомбардираа позициите на терористичката организација ПКК во источниот град Тунџели, и притоа уништија најмалку четири цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава репортерот на АА од безбедносни извори, турските сили добиле информација за локациите на терористите на ПКК во градот Тунџели.
Воздухопловните сили синоќа во 20 часот извршија напад во треаење од 20 минути. Притоа беа уништени најмалку четири цели.