Abdullah Sarica
06 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Турската разузнавачка служба (МИТ) го фати Серхат Озмен, еден од водачите на терористичката организација ПКК/КЏК во Сирија, и го донесе во Туркије, јавува Анадолу.
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ го лоцирала во странство Серхат Озмен, со кодно име „Јилмаз“, едно од таканаречените одговорни лица за структурата на терористичката организација ПКК/КЏК во Сирија.
Озмен, кој беше фатен во операцијата на МИТ, е донесен во Туркије.
Утврдено е дека Озмен, кој се придружил на терористичката организација во 2014 година, извршувал вооружени активности во многу региони.
Наведено е исто така дека Озмен, по Сирија, бил активен во организациската структура во Ирак од почетокот на 2023 година.
ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.