Dilara Hamit
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе присуствува на церемонијата на отворање на Советот за соработка на државите кои зборуваат турски јазик (Туркиски совет) во канцеларијата во Будимпешта, јавува Anadolu Agency (AA).
„Чавушоглу ќе ја посети Унгарија на покана на министерот за трговија и надворешни работи, Питер Сијарто“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе го прими Чавушоглу, кој ќе одржи билатерални состаноци со неговите колеги во рамките на неговаа посета.
„Со отворањето на споменатата канцеларија, соработката помеѓу Туркискиот совет и Унгарија, која се здоби со статус на набљудувач на Парламентарното собрание на земјите во кои се говори турски јазик во 2014 година, како и на Туркискиот совет и Турската академија во 2018 година, ќе продолжи да се развива на институционална основа“, се вели во соопштението.
На отворањето ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на членовите на Туркискиот совет, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, како и член на набљудувачот, Унгарија.
Туркискиот совет е формиран во 2009 година како меѓувладина организација, со цел промовирање на сеопфатна соработка меѓу државите што зборуваат турски јазик.