Fuat Kabakcı
23 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на Министерството, во телефонскиот разговор меѓу Чавушоглу и министерката за надворешни работи на Германија, Баербок, станало збор и за билатералните односи меѓу двете земји, Авганистан, тензиите меѓу Русија и Украина, случувањата во Босна и Херцеговина и миграцијата.