Tolga Albay
27 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
ИЗМИР (AA) - Министерот за правда на Република Турција Абдулхамит Ѓул во Измир истакна дека турското правосудство е многу свесно за оние кои само се претставуваат дека се во првите редови во борбата против ФЕТО, а се користат со методите на оваа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турското правосудство е свесно за групите кои себеси се прикажуваат во првите редови во борбата против ФЕТО, а кои токму со методите на ФЕТО ја нарушуват таа борба. Ќе ја продолжиме борбата против нив, никој нека не се сомнева во тоа", порача Ѓул.