Barış Gündoğan
23 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во Анкара ги прими спортистите со Даунов синдром, членови на репрезентацијата во футсал, јавува Anadolu Agency (AA).
Приемот во претседателската палата во Анкара помина во весело расположение, а претседателот Ердоган долго време разговараше со гостите.
Спортистите на турскиот претседател му подарија дрес со името на Ердоган и бројот 53, што е број на регистарската ознака на турскиот град Ризе, од каде што потекнува семејството на претседателот Ердоган.
Со оглед на тоа дека гостите беа репрезентативците во футсал, следуваше изведување на пенал. Шутираше претседателот Ердоган, а успешно одбрани голманот на репрезентацијата Хусеин Динч, по што следуваше аплауз.
Ердоган, како и неговите гости, не го криеја задоволството од оваа средба, по што турскиот претседател на сите гости им подари подароци.
Средбата заврши со заедничка фотографија.