Mehmet Tosun
11 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја прими и втората доза на вакцината против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател на социјалните мрежи ја потврди информацијата дека ја примил втората доза на вакцината против Ковид-19.
„Цел ни е во што пократок период да ги вакцинираме сите наши граѓани“, порача Ердоган.