Enes Kaplan
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
АНКАРА (AA) – Авионите на Вооружените сили на Република Турција (ТСК) ги бомбардираа положбите на сепаратистичката терористичка организација ПКК во близина на југоисточниот турски град Хаќари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Турција наведено е дека авионите синоќа во два наврати изведоа напади на положбите на ПКК на ридот Бузул, во местото Јукселова, недалеку од градот Хаќари.
Во таа прилика се уништени големи количини на муниција, како и засолништата и пештерите кои ги користеле терористите на ПКК.