Jeyhun Aliyev
07 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи на ПКК во операција во југоисточната турска област Ширнак, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Терористите се неутрализирани во рамките на операцијата за внатрешна безбедност во регионот Бестлер-Дерелер во Ширнак“, се вели во соопштението на Министерството.
Оттаму се нагласува дека операциите во регионот продолжуваат.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои голем број жени и деца.