Nilay Kar
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили извршија нови напади врз упориштата на терористичката организација ПКК во источниот дел на земјата и во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските бомбардери утрово извршиле напад на скривалишта и кампови во североисточниот планински регион Метин.
Во соопштението се наведува дека во нападите се уништени целните кампови и складиштето за муниција и оти уште не е утврден билансот на настраданите терористи на ПКК во овие кампови.
Паралелно со ова, најмалку тројца терористи беа убиени во напади од страна на турските воздушни сили врз засолништата на ПКК во источна Турција, поточно на падините на ридот во близина на градот Рефахије во областа Ерзинџан.
Нападот е извршен во време кога терористите подготвуваа нов терористички напад врз касарна на турската армија.
Во соопштението на Генералштабот, исто така, се наведува дека најмалку еден терорист е убиен и во воздушниот напад на новооткриеното засолниште на ПКК во округот Карлиова, во источната турска област Бинѓол.
Терористичката организација ПКК е на списокот на терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија. Покрај Турција, ПКК е активна и во северен Ирак и во Сирија.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за место кое е познато како колепка на терористичкото движење ПКК.