Sertaç Bulur
25 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Во синоќешниот воздушен напад врз упориштата на терористичката организација ПКК, спроведен од страна на Турските вооружени сили (ТСК) во подрачјата Авашин-Басјан и Зап, во северен Ирак, уништени се складишта, засолништа и борбени позиции, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб соопшти дека турските сили продолжиле со нападите врз терористичките кампови на ПКК во северниот ирачки пограничен појас.
Во вчерашните напади во планинаските региони Зап и Авашин-Басјан, неутрализирани се скривалиштата во кои терористите подготвувале нови напади.
Авионите кои учествуваа во акцијата, по успешно извршената мисија се вратиле во базата.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за колевка на терористичкото движење ПКК, кое се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската унија (ЕУ).