Seda Sevencan
21 Април 2021•Ажурирај: 21 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските сили досега оваа година неутрализираа 836 терористи во антитерористичките операции во земјата и надвор од неа, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите херојски Турски вооружени сили ја продолжуваат својата борба против терористите ефикасно и одлучно. Од 1 јануари оваа година во операциите неутрализирани се 836 терористи“, соопшти Министерството преку Твитер.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во текот на изминатите неколку години, низа операции исто така продолжија и во границите на Турција, особено во југоисточниот дел на земјата.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.