Hande İlbeyi Canca
11 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
АНКАРА
Најмалку петмина припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во рамките на операцијата „Канџа-тигар“, која турските сили ја спроведуваат на северниот дел на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските сили во воздушните напади во Хафтанин неутрализирале тројца, а на подрачјето Авасин двајца терористи на ПКК.
Операциите на Турција „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ се покренати во јуни за да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите, елиминирајќи ја заканата што ја претставуваат ПКК и другите терористички групи, а кои го користат северниот дел на Ирак за прекугранични напади.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.