Burcu Arik
26 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
ХАКЌАРИ (АА) - Најмалку четворица терористи се неутрализирани во операција која турските сили ја започнаа денес против терористичката организација ПКК во југоисточниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори за АА соопштија дека турските безбедносни сили синоќа започнале нов бран антитерористички акции во југоисточната област Хакќари и оти акциите се сè уште во тек.
Антитерористичката операција е започната врз основа на новооткриените разузнавачки сознанија и откривањето на терористички засолништа во непристапните планински периферии.
Според последните информации, неутрализирани се четворица припадници на терористичката организација ПКК.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базирани на правата на Турција засновани на меѓународното Право на самоодбрана и резолуциите на ОН, кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Операциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји, и се со цел неутрализација на терористичките закани.