Seda Sevencan
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
ВАН / АНКАРА / ИСТАНБУЛ
Најмалку 55 лица се приведени поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Директоратот за безбедност во источната турска област Ван се вели дека 12 осомничени лица биле приведени во истовремени операции во Анкара и Хакќари.
Додека 10 осомничени се наоѓаат во притвор, двајца се ослободени под судска контрола, се додава во соопштението.
Во друга операција во Анкара се приведени девет осомничени припадници на ФЕТО.
Приведувањата се извршени по налог на Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара која издадени налози за 15 лица, откако е откриено дека истите ја користеле апликацијата БајЛок, смартфон-апликација за комуницирање преку шифрирани пораки.
Полицијата сѐ уште е во потрага по останатите осомничени лица.
Во меѓувреме, 34 други осомничени припадници на ФЕТО се приведени во операции извршени во Истанбул низ 18 области.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.