Nazlı Yüzbaşıoğlu
29 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
АНКАРА
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хами Аксој, истакна дека се задоволни од апсењето на таткото на странскиот терористички борец Ден Њуи, член на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ во Велика Британија, под обвинение за поддршка на тероризмот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Аксој даде писмен одговор во однос на прашањето за одлуката донесена од страна на британските власти во врска со роднината на членот на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.
„Ние ја поздравуваме истрагата иницирана од властите на Велика Британија и апсењето на Пол Њуи, таткото на терористичкиот борец Ден Њуи, кој е државјанин на Велика Британија и член на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ, под обвинение за обезбедување финансиска поддршка на тероризмот“, нагласи Аксој.
Посочувајќи дека оваа истрага е важна во однос на покажување дека ПЈД/ЈПГ е продолжена рака на терористичката организација ПКК во Сирија, Аксој истакна дека очекува оваа истрага да претставува пример за започнување други истраги за сите странски терористички борци и поддржувачи, кои вршат терористички активности во рамките на ПЈД/ЈПГ.