Emrah Yaşar, Selçuk Kızıldağ
06 Септември 2021•Ажурирај: 07 Септември 2021
ЕСКИШЕХИР
Ајше Каратај (116) од турскиот град Ескишехир успеа да преживее, совладувајќи го новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Каратај, чија здравствена состојба се влошила пред околу 3 недели и била префрлена на Одделот за интензивна нега во Градската болница во Ескишехир, откако ѝ е подобрена здравствената состојба, префрлена е во друго одделение на болницата.
Ибрахим Каратај, синот на старицата, во изјава за новинарите истакна дека биле многу среќни кога ја примиле веста дека неговата мајка закрепнала.
Изјавувајќи дека неговата мајка примила само една доза вакцина, Каратај истакна: „Прими само една доза од вакцината Синовак. Не ја прими втората доза. Да ја имаше примено втората вакцина, можеби полесно ќе ја надминеше болеста. Се надевам дека здравствената состојба ќе ѝ се подобри. Со вирусот се заразила пред 3 недели кога била меѓу своите најблиски.“
- „Невакцинираните се на интензивна нега“
Заблагодарувајќи им се на вработените во Градската болница во Ескишехир, Каратај рече:
„Мајка ми тука многу добро беше згрижена. Би сакал да им се заблагодарам на здравствените работници. Лекарите од болницата ми ја соопштија веста дека мајка ми ја преживеала болеста. Уште неколку луѓе во нашето село го преживеаја вирусот. Мислам дека причината за тоа се чистиот кислород и органската исхрана таму. Многу сум среќен што мајка ми го преживеа вирусот. Се надевам дека Бог ќе ѝ даде долговечност. Ние сме 8 деца. Сите мои браќа и сестри се грижат за мајка ми. Јас примив две дози од вакцината Синовак и размислувам да ја примам и третата доза. Мнозинството жители на Емирдаг се лица што доаѓаат од странство и сите оние што не се вакцинирани, во моментов се на интензивна нега. Вакцинираните успеваат болеста да ја прележат на нозе.“