Anıl Kuru
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
КОЊА (АА) - АНИЛ КУРУ -
Африканскиот месечен молец, кој штотуку е додаден во Тропската градина на пеперутки во Коња, својот еднонеделен живот го завршува користејќи ја храната што ја чува додека бил гасеница. Молецот привлекува внимание со својата опашка што може да достигне 20 сантиметри, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во Тропската градина на пеперутки во Коња, која се наоѓа во центарот на областа Селчуклу, создадена е посебна средина со светлина, топлина и влажност. Тука може да се забележи развојот на пеперутките.
Во градината која има површина од 3.500 квадратни метри за шетање и површина за употреба од 7.600 квадратни метри, покрај 8 - 12 илјади пеперутки, можат да се набљудуваат и околу 195 видови растенија.

Меѓу жителите на тропската пеперутка, во градината има голем број специјални видови пеперутки како што е кралот пеперутка, кој лета 3.000 километри месечно. Овој вид пеперутка, поради обликот на крилјата кои се како јајце, се вика и „големо летечко јајце“.
Тимот, кој се состои од координатори, биолози и раководители на оддели, работи на носење на нови видови пеперутки во градината од земји како што се Филипините, Кенија и Костарика.
Меѓу видовите од неодамна донесени во градината се и африканскиот месечен молец, чија должина може да достигне 20 сантиметри и должина на опашката до 15 сантиметри. Тој е најголемиот член на семејството Свилени молци, со латинско име Argema mimosae.
Африканскиот молец, кој нема структура на уста наречена „proboscis“, во текот на неговиот еднонеделен живот ја користи храната што ја складирал додека бил гасеница.

- Неговата боја ја зголемува способноста за маскирање -
Пинар Оге, биолог во градината „Тропски пеперутки“, во изјава за АА истакна дека опашката на африканскиот молец, донесен од Кенија, е сличен на сувите лисја и дека го привлекува вниманието на посетителите во градината.
Истакнувајќи дека дезените на крилјата кои се во вид на очи се уште една физичка карактеристика на африканскиот молец со кој се разликува од другите, Пинар Оге рече:
„Боите на оваа пеперутка се многу посебни како и сите наши пеперутки. Тоа е мешавина од зелена и жолта боја и таа ја зголемува нејзината способност за маскирање. Пеперутката е искусна за камуфлажа. Нејзината боја ѝ дава посебна способност за маскирање. Обично живее на зелените лисја и на тој начин се заштитува. Дезените на крилјата слични на очи се одбранбениот механизам на пеперутката кој го користи за заштита од лилјаците. Лилјаците се плашат од овие форми и бегаат.“

- „Живее од она што го јадел како гасеница“ -
Наведувајќи дека во градината може да се набљудуваат 20.000 пеперутки од 40 различни видови, Оге рече: „Градината е со 80 проценти влажност на 28 Целзиусови степени. Пеперутките што ќе ги видите кога ќе дојдете овде, можат да живеат на овие температури и влага. Африканскиот месечен молец може да се види во неговата природна средина Африка, двапати годишно, и тоа во пролет и есен. Кога ќе дојдете во нашата градина, ќе имате шанса африканскиот молец да го набљудувате и фотографирате 12 месеци.“
Посочувајќи дека пеперутката ја чува храната додека била гасеница, и таа храна ја користи како пеперутка, Оге рече: „Пеперутките се хранат со нектарини што ги собираат од цвеќињата и овошјата. Африканскиот месечен молец нема структура на уста. Една од најважните карактеристики што го разликуваат од другите пеперутки е тоа што нема структура на уста. Пеперутката која не може да се нахрани, има животен век од околу една недела.“