Dilan Pamuk
26 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
КОЊА
Турските сили приведоа пет лица осомничени дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тие ги извршија приведувањата откако обвинителите во централната област Коња издадоа налози за приведување на шест лица поради тоа што биле „тајни имами“ - високи членови на ФЕТО, кои заговарале инфилтрација во Турските вооружени сили“, вели безбедносен извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Во операциите започнати во Коња, истовремено спроведени во шест градови, уапсени беа пет од осомничените.
Полицијата трага по преостанатиот осомничен.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.