İsmet Karakaş
04 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во силниот земјотрес кој минатата недела го погоди Егејскиот регион на Турција се искачи на 114, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) соопшти дека од 1.035 повредени лица 137 сè уште се на болничко лекување, додека 898 се отпуштени од болниците.
По земјотресот, кој со јачина од 6,6 степени го потресе Измир, третиот по големина град во Турција со над 4,3 милиони жители, регистрирани се вкупно 1.713 последователни потреси на тлото, од кои 45 со магнитуда поголема од 4 степени.
Активностите за пребарување и спасување во Измир се завршени во 15 од 17 згради, продолжуваат во уште 2 згради.
Турција е меѓу сеизмички најактивните зони во светот, а во текот на своето минато беше сведок на неколку разорни земјотреси, вклучително и оној со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот Мармара (Мраморниот Регион) во 1999 година.