Gökhan Ergöçün
04 Март 2022•Ажурирај: 05 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Според одлуката објавена во Службениот весник на Турција денеска, на местото на досегашниот министер за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, доаѓа Вахит Киришџи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шеесет и двегодишниот Киришџи има диплома по земјоделско инженерство и докторат на Универзитетот „Кранфилд“ во Велика Британија. Тој стана професор во 2003 година.
Киришџи беше пратеник во 22. состав на Парламентот на Турција.
Тој стана член на Мешовитата парламентарна комисија Турција ‒ ЕУ и беше заменик-претседател.
Претходно, Киришџи беше претседател на Комитетот за земјоделство, шумарство и рурални прашања при Големото народно собрание на Турција.
Службениот весник објави дека Пакдемирли побарал изземање од неговата функција.