Muhammed Ali Toruntay,Enes Kaplan,Ferdi Türkten
24 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
АНКАРА (АА) - Во Спортската сала во Анкара денеска се одржува 7. Голем редовен конгрес на владејачката турска Партија за правда и развој (AK Parti), јавува Агенција Анадолија (АА).
Конгресот, поради мерките против ширењето на пандемијата на коронавирусот, се одржува во утринските часови и ќе трае пократко во однос на претходните.
Делегатите, новинарите, лицата со посебни потреби и аналитичарите веќе го зазедоа своето место во салата, а пред салата се собраа голем број поддржувачи на оваа политичка опција.
Конгресот се одржува со силни безбедносни мерки, а воведното обраќање ќе го одржи заменик-претседателот на АК Партијата, Еркан Кандемир.
На Конгресот ќе се обрати и претседателот на Турција и претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, кој ќе говори за плановите на партијата во иднина.
АК Партијата е на власт во Турција од 2002 година. Заслужна е за големиот економски развој на земјата, а меѓу поголемите реформи што ги спроведе, секако е преминот на Турција од парламентарен во претседателски систем на управување.