Zafer Tayfur
14 Септември 2018•Ажурирај: 15 Септември 2018
ВАН (АА) - Во источниот турски град Ван се фатени најмалку 118 непријавени мигранти кои илегално влегле на територијата на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на турската жандармерија и турската Војска за време на патролирањето на локацијата Сарису, недалеку од границата со Иран, забележале група која пешачела. По извршените контроли и преледи утврдено е дека станува збор за најмалку 118 непријавени мигранти.
Станува збор за мигранти со потекло од Авганистан и Пакистан, меѓу кои биле најмалку 13 деца.
Странците се предадени на надлежната Дирекција за управување со миграции.