Muhammed Boztepe
14 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку четири лица се уапсени во главниот град на Турција, Анкара, поради сомнеж дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците до кои дојде новинарот на АА, полициските екипи од Одделот за борба против тероризам извршија акција во објектот каде што престојувале лицата, за кои се сомнева дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Во акцијата се уапсени четири лица со иницијали Б.K., С.Х.K., Х.T. и M.T., а се дознава дека полицијата во моментот трага по уште едно осомничено лице.
При претрес на станбениот објект, пронајдени се големи количини документи и друг материјал.
Осомничените најпрво се префрлени во болница каде што е извршена лекарска контрола, а потоа се однесени во зградата на полицијата зБради понатамошна криминалистичка обработка.