Salih Baran
09 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Во рамките на борбата против илегалните миграции, во подрачјето на Едрене, северозападна Турција, за период од два дена фатени се 777 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармериските тимови и граничните единици забележале група мигранти во обид илегално да ја напуштат земјата.
За време на патролите во Узунќопру, Мерич и Ипсала, за два дена се фатени 777 мигранти со потекло од Иран, Египет, Гвинеја, Сомалија, Мароко, Либија, Авганистан, Пакистан, Палестина, Ирак, Алжир, Сирија и Бангладеш.