Fırat Özdemir
09 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
ЕРЗУРУМ
- ФИРАТ ОЗДЕМИР
Водопадот Тортум во турскиот град Ерзурум, во летниот период привлекува бројни туристи со неговата природна убавина, пишува Anadolu Agency (AA).
Водопадот Тортум се наоѓа во подрачјето на Узундере, североисточна Турција, и претставува атрактивно место за локални и странски туристи поради бројни дестинации кои ги поседува, како што се езерото и водопадот Тортум, историски цркви, мостови, зелени висорамнини и шуми.
Овој водопад е висок 48 метри и е третиот највисок водопад во светот, по Викториините Водопади во Африка и Нијагарините Водопади во Америка.

Туристите кои доаѓаат во посета на овој водопад, можат да се освежуваат во малите езерца кои се наоѓаат под водопадот, кој со својата убавина ги воодушевува посетителите.
Ердал Килич, посетител на овој водопад, во изјава за АА истакна дека водопадот Тортум е еден од најубавите дестинации кои може да се посетат за време на летниот одмор.
„Водопадот Тортум е убаво и драгоцено место. Треба да му придадеме поголемо внимание да го заштитиме ова место“, рече Килич.