Kerem Kocalar
24 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
АДИЈАМАН (AA) – По земјотресот со јачина од 5,1 степени по Рихтер, кој утрово го погоди Самсат во југоисточната турска област Адијаман, од неговите последици се хоспитализирани вкупно 35 лица, потврди министерот за здравство на Република Турција Ахмет Демираџан, јавува Anadolu Agency (AA).
„По земјотресот хоспитализирани се 35 повредени. Немаме животно загрозени", рече министерот Демираџан.
Канцеларијата на турската влада за вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека земјотресот е регистриран во 3.34 часот по локално време во Самсат и дека епицентарот на земјотресот е забележан на длабочина од тлото од седум километри.
Гувернерот на Адијаман, Нурулах Наџи Калканчи потврди дека во текот на земјотресот се општетени бројни стамбени објекти и дека службите започнале да работат на санирање на настанатата штета.
Земјотресот го почувствувале и граѓаните од соседните области Шанлиурфа, Газиантеп и Дијарбакир.
По утринскиот земјотрес дојде и до уште осум помали потресувања на тлото во тој дел на Турција, со јачина помеѓу еден и 3,6 степени по Рихтер.