Şafak Yel
21 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
ИЗМИР (АА) - Во морскиот простор на подрачјето Сеферихисар, во турскиот град Измир, фатени се 44 непријавени мигранти, кои се обиделе по илегален пат да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на крајбрежната стража за време на патролирањето со хеликоптер во близина на Сигаџик, забележале гумен чамец во кој се наоѓала група луѓе.
При контролата е утврдено дека станува збор за 23 мигранти од Централноафриканската Република, 8 од Демократска Република Конго, 7 од Сенегал и 6 од Палестина. Меѓу нив се наоѓаат и жени и деца.
Странците се предадени на Дирекцијата за управување со миграции во Измир.