Şafak Yel
26 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
ИЗМИР (АА) - На подрачјето на турскиот град Измир во последните десет дена се фатени повеќе од 560 странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Уапсени се и четири од 11 лица за кои постои сомнение дека учествувале во организирањето на илегални преминувања на странските државјани.
Екипите на жандармеријата во периодот од 15 до 25 мај извршија акција на подрачјето на Дикили, Чешме, Карабурун и Урла со цел фаќање на странските државјани кои по илегални патишта од Турција се обидуваат да заминат во некоја од европските земја.
Фатени се 567 странски државјани, воглавно Сиријци. Приведени се и 11 лица за кои се сомнева дека учествувале во организацијата на илегални премини. Четири лица се задржани во притвор.
Запленети се пет камиони кои ги користеле криумчарите, повеќе од 60 елеци за спасување и пет гумени чамци.