Ali Kemal Akan
18 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
АНКАРА (АА) - Операција предводена од Националната разузнавачка организација на Турција (МИТ) доведе до апсење на двајца терористи на терористичката организација ДЕАШ во Сирија, соопштија безбедносни извори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите, идентификувани како Орхан Моран и Мустафа Киликли, се донесени во Турција“, рекоа изворите, кои побараа анонимност поради ограничувањата за разговор со медиумите.
„Тие беа предадени на силите на жандармеријата во југоисточната погранична област Хатај на Турција“, рекоа изворите.
Во своите прелиминарни изјави, терористите признаа дека планирале напади во Турција и врз турската Војска во Сирија.
„Осомничените, исто така, признале дека им помагале на другите терористи на ДЕАШ во регионот“, додаваат изворите.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, во земјата се извршени повеќе напади од страна на терористичката организација ДЕАШ, и тоа 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 вооружени напади во кои загинаа 315 луѓе, а повредени беа стотици.
Како одговор на тоа, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да ги спречи понатамошните терористички напади.