Ömer Tuğrul Çam
02 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - Турција ги информира институциите на Европската Унија (ЕУ) за употребата на името „Туркије“ за таа земја на странски јазици, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во врска со оваа тема, Турција испрати нота до надлежните институции на ЕУ, Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент.
Во нотата се вели дека отсега официјално на странски јазици ќе се користи името „Туркије“, а не „Турција“ како што беше случајот досега.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, вчера испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, барајќи од него да го смени името на земјата на странски јазици во „Туркије“, кое ОН го направија.