Sena Güler
19 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
ИЗМИР (АА) - Девет лица се уапсени денес во Измир, како дел од операцијата против терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Локалната антитерористичка полиција претходно изврши рација на адреси во Измир“, изјави изворот, кој сакаше да остане анонимен.
„Голем број дигитални материјали и документи поврзани со терористичката организација беа исто така запленети за време на операцијата“, додава изворот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.