Kenan Irtak
18 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција евакуираше 42 свои државјани од Авганистан, каде што беа заглавени по преземањето на Кабул од талибанците и хаосот на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Командата на турските воздухопловни сили, 22 турски државјани беа вратени во земјата денес, додека 20 други беа однесени во Исламабад, главниот град на Пакистан, и ќе се вратат подоцна.
Летовите во понеделникот на главниот Меѓународен аеродром во Авганистан, во Кабул, беа прекинати, додека толпи луѓе со нетрпение чекаа со надеж дека ќе ја напуштат земјата.
Еден ден откако главниот град на Авганистан падна во рацете на талибанците, американските и авганистанските сили го опколија аеродромот, заедно со талибанските борци, а се пукаше во воздух за да се растера толпата.
Во понеделникот вечерта, турски воен авион беше испратен во Кабул за да ги земе заглавените граѓани. Меѓутоа, поради хаосот, воениот авион не можеше да слета на аеродромот и беше пренасочен кон Исламабад.
Вчера, авионот безбедно слета во Кабул, превезувајќи 42 Турци од Авганистан во Пакистан.