Muhammed Boztepe
09 Декември 2019•Ажурирај: 12 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција во последниот помалку од еден месец во матичните земји врати најмалку 71 странски терорист, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги собра АА, турското Министерство во периодот од 11 ноември до 9 декември во матичните земји врати најмалку 71 странски терорист, меѓу кои се наоѓаат 18 Германци, 11 Французи, по двајца Белгијци и Холанѓани, и по еден државјанин на Данска, Австрија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави (САД), Ирска, како и државјани на други земји.
Се дознава дека се сведува при крај работата на утврдување на државјанството на сите фатени странски терористи и дека се воспоставени контакти со нивните матични земји.
Турција во периодот од 2016 до 2019 година неутрализира вкупно 1.058 терористи на ДЕАШ во антитерористичките операции во земјата.
Во последните две години безбедносните сили исто така спречија најмалку пет терористички напади на терористите на ДЕАШ.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, претходно изјави дека Турција сите фатени припадници на ДЕАШ ќе ги врати во нивните матични земји, порачувајќи дека Турција „не е ничиј хотел за припадници на ДЕАШ“.