Burcu Arik
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
ВАН (АА) - Повеќе од 100 килограми хероин беа запленети за време на полициската операција во источната турска област Ван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата на Ван се истакнува дека операцијата била насочена кон трговците со дрога, финансирани од терористичката организација ПКК/КЏК, во окрузите Башкале и Едремит.
Во подрачјето на Башкале, полициските екипи заплениле повеќе од 92 килограми хероин, откриен во возило на автопатотот Ван - Хакќари. „За време на операцијата, уапсени се седум лица, осомничени за шверц со дрога“, се наведува во соопштението.
Се додава дека во областа Едремит полицијата запленила 8,8 килограми хероин, скриен во перница во камион. Двајца осомничени, меѓу кои и возачот на камионот, се уапсени.