Sercan Küçükşahin
27 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
КАЈСЕРИ (АА) - Коњите во подножјето на планината Ерџијес, во турскиот Кајсери, е причина зошто на тоа подрачје доаѓаат сè повеќе љубители на фотографијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Без разлика дали станува збор за аматери или за професионални фотографи и фоторепортери, направените фотографии красат многу списанија.
Коњите се главна атракција и дел од понудата за фотосафари, во кое се вклучуваат и љубителите на фотографии од сите делови на Турција, но и од пошироко.
Коњите отсекогаш имале посебно место во историјата, а нивната грациозност и убавина не е секогаш едноставно да се прикаже на фотографија. За тоа е потребно многу вештина, трпеливост и љубов.
Токму поради тоа, во подножјето на оваа планина, се организира еден вид натпревар во фотографија.