Gözde Bayar
18 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
АНКАРА
Турција започна нова антитерористичка операција во источната област Битлис, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата „Јилдирим-12“ е со цел комплетно елиминирање на сепаратистичката терористичка организација ПКК од земјата и неутрализирање на сите терористи кои се кријат во регионот“, се соопштува од Министерството.
„Во операцијата учествуваат 747 безбедносни лица, вклучително и силите на специјалната операција на жандармеријата, полицијата и чуварите“, се додава во соопштението.
Операцијата „Јилдирим-11“ започна на 11 септември во источната област Сирт со цел неутрализирање на терористите на ПКК во регионот.
Во операциите „Јилдирим“ досега се неутрализирани вкупно 71 терорист, фатени се 38 соучесници, уништени се скривници, магацини и 141 пештера, а запленето е големо количество оружје, муниција и други залихи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.