Muhammed Boztepe
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во турската област Бинѓол, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Карлиова во Бинѓол.
Се истакнува дека земјотресот се случил во 17:24 часот по локално време.
Според соопштеното, земјотресот бил почувствуван и во околните области.