Mesut Karaduman
04 Февруари 2022•Ажурирај: 06 Февруари 2022
ТЕКИРДАГ
По обилните снежни врнежи во шумите лоцирани на падините на планината Ганос во Текирдаг се формираа прекрасни пејзажи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шумите распослани на падините на планините, на патот Текирдаг-Шаркој, нудат различни природни убавини во секоја сезона од годината.
Од снежните врнежи шумите се покриваат со бела покривка, а тоа нуди визуелна гозба на оние кои патуваат на оваа рута.
Директорот за култура и туризам на општината, Ахмет Хаџиоглу, за Агенција Анадолија (AA) истакна дека природата нуди различни убавини во секое годишно време.
Наведувајќи дека потоците што минуваат низ шумата им даваат мир на луѓето кои ја посетуваат областа, Хаџиоглу рече: „Со снежните врнежи, планината Ганос облече бел венчален фустан.“ Во шумите се создадоа многу убави пејзажи. Планините и дрвјата се покриени со бела ткаенина. Пејзажите се многу убави и го привлекуваат вниманието на љубителите на фотографијата.“
Нагласувајќи дека Текирдаг се истакнува со своите природни убавини, Хаџиоглу додаде:
„Текирдаг е град кој треба да се посети во сите годишни времиња. Граѓаните уживаат во убавините додека минуваат низ падините на планината Ганос. Луѓето тука поминуваат време во прекрасната природа. Убавините на падините на планината Ганос не може да се објаснат со зборови. Секој што ќе ги види овие убавини си заминува среќен зашто уживал во убавината.“