?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – Состанок на високо ниво помеѓу Турција и Русија ќе се одржи во Москва на 16-ти декември, објави Турција денес. Со Самитот на Советот за соработка на вискоко ниво ќе претседаваат претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadlu Agency.
Агендата за состанокот допрва ќе се објави но конфликтот во Сирија и прашањата врзани со енергетиката ќе бидат меѓу главните теми, како и трговијата и туризмот.
Тоа ќе биде шестиот состанок за соработка помеѓу двата народа. Состанокот беше објавен на самитот Г20 во Анталија на кој претседателот Ердоган е домаќин на светските лидери, вклучувајќи го и Путин.
Двете земји имаат и силни енергетски врски, бидејќи Турција, приближно, 60 проценти од својот природен гас го откупува од Русија. Нов гасовод од Русија кон Европа треба да минува низ турска територија. Путин и Ердоган претходно се сретнаа во Москва во октомври, откако Русија ги започна своите напади во Сирија.