Erbil Başay
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
БЕРЛИН (AA) - Во Хамбург во Германија, каде се одржува Самитот Г20, организирани се протести против овој настан, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Хамбург соопшти дека на одредени места се запалени возила, барикади и канти за отпад.
Во соопштението се наведува дека се дупнати гуми на автомобилите на канадската делегација, како и дека е каменувана полициска станица и уништени се неколку полициски возила
Се додава исто така дека се искршени стаклата на зградата на конзулатот на Монголија. Демонстрантите се собраа во близина на Конгресниот центар, во кој се одржува Самитот Г20, за да ги блокираат околните патишта.
Полицијат во еден момент интервенираше за да ги растера собраните демонстранти.
Во соопштението на полицијата се наведува дека се ранети најмалку 111 припадници на полицијата, додека 29 лица се приведени.
Одредени германски медиуми пишуваат дека полицијата против демонстрантите, кои протестирале седејќи на патот во близина на Конгресниот центар, интервенирала со водени топови.
Повеќе од 100.000 демонстранти се очекуваат во Хамбург, каде денеска и утре се оджува Самитот Г20.