Ahmet Gençtürk
09 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа 13 терористи на ПКК во северен Ирак, се соопштува од Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се неутрализирани во антитерористичка операција во регионот Пенџе Каплан, се соопштува од Министерството на Твитер.
„Нашите херојски Турски вооружени сили продолжуваат да ѝ задаваат тежок удар на терористичката група ПКК“, се додава.
Операциите „Пенс“ се серија офанзиви што Турција ги спроведе од 2019 година против терористичките организации во северен Ирак, особено против ПКК.
Најнови се операциите „Пенс-Шимшек“ и „Пенс-Јилдирим“, започнати од Анкара на 23 април во северните ирачки региони Метина и Авашин-Басјан во близина на нејзините граници.
Терористичката група ПКК често се крие во северен Ирак, веднаш преку јужната граница на Турција, за да подготви терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.