Mümin Altaş
30 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили „неутрализираа“ шест терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес Министерството за национална одбрана на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите беа „неутрализирани“ во регионот на операцијата „Канџа-катанец“, соопшти Министерството на Твитер.
Турција ја започна операцијата „Канџа-катанец“ минатиот месец, а цел беа засолништата на ПКК во северниот дел на Ирак во регионите Метина, Зап и Авашин-Басјан. На неа ѝ претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, што беа започнати во 2020 година за да се искоренат терористите кои се кријат во северен Ирак и кои планираат прекугранични напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.