Büşranur Begçecanlı
25 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
ХАТАЈ
Во градот Хатај во Турција денес е одржана свечена церемонија на неколку големи економски и индустриски проекти, вклучувајќи го и првиот пловечки брод за депонирање природен гас „Ертугрул Гази" во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата присуствуваше и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган кој во таа пригода истакна дека овој проект е опремен со најмодерна технологија во својата класа.
„Бродот Ертугрул Гази, изграден е со најновата технологија во својата класа, ќе може да врши депонирање на природен гас на терминалите Дортиол или Сарос, зависно од потребата, со дневен капациет од 28 милиони кубици. Уште една значајна каратеристика на Ертугрул , кој ќе делува под нашето знаме, е директен утовар на камиони, цистерни и бродови. Поседува и таква способност", рече Ердоган.
Истакна дека градот Хатај е посебен бисер на Медитеранот, град на богата историја, култура и место на солидарност.
„Во време кога светот бргу тоне во етничка, верска и културна дискриминација, Хатај продолжува да биде пример на целото човештво, како што тоа беше низ целата историја", рече Ердоган.
Тој потсети дека турските власти веќе полни 19 години имплементираат бројни големи проекти кои придонесуваат на растот и напредокот на Турција и нејзиниот народ, додавајќи дека само денес одржале церемонија на отворање на неколку проекти, вклучувајќи го и стадионот Хатај, со капацитет од 26.600 луѓе и пловечка единица за депонирање на природен гас.
„Овој брод, со должина од 295 метри и ширина од 46 метри, може да задоволи повеќе од 10 отсто од поребите на нашата држава за природен плин", рече Ердоган.
Како што рече, бродот „Ертугрул" ќе овозможи користење природен плин без приклучување на плиноводи и така ќе и пружи на Турција значајна флексибилност во случај на можни потешкотии, посебно во зимските месеци.
„Кога ќе почнеме да го користиме природниот плин кој го откривме во Црното море од 2023 година, ќе бидеме во многу подобра положба во однос на ова прашање. Нека ни е среќна оваа инвесиција", рече турскиот претседател.
Тој потсети на крајот дека изминатите две децении во секоја од 81 турски области обезбедиле најнапредна инфраструктура и услуги во сите области, од образование, здравство, транспорт, енергетика, па до спорт и социјална поддршка.