Gökhan Zobar
20 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
ЕДРЕНЕ
Ректор на Универзитетот „Тракија“ проф. д-р Ерхан Табакоглу истакна дека Универзитетот „Тракија“ е домаќин на најголем број студенти од Балканот и Западна Тракија во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на универзитетот, ректорот Табакоглу се сретна со студенти од Ксанти (Скеча), Западна Тракија, кои дошле во Едрене за да ги завршат процедурите за регистрација.
Ректор на Универзитетот Табакоглу нагласи дека нивниот универзитет е една од најважните образовни институции во Турција во однос на број на студенти кои доаѓаат од Балканот и универзитет со студии ориентирани кон Балканот.
Посочувајќи дека Универзитетот „Тракија“ им придава големо значење на студиите за интернационализација, Табакоглу рече:
„Кога стапив на функцијата имавме 1.300 меѓународни студенти. Оваа година имаме за цел да ја надминеме бројката од 6.000. Околу 5.000 од нив доаѓаат од Балканот. Ние сме универзитетот кој е домаќин на повеќето балкански студенти во Турција. Ние сме основачки член и постојан генерален секретар на Асоцијација на универзитети на Балканот, моќна регионална организација во која учествуваат балканските универзитети. Секогаш им даваме посебна важност на Балканот и Западна Тракија. И имаме дадено збор на Западна Тракија. Ги држиме вратите широко отворен за сите студенти од Западна Тракија кои сакаат да студираат во Универзитетот ‘Тракија‘. Со отворање специјални квоти нудиме универзитетски можности на сѐ поголем број млади луѓе секоја година.“
Заменикот-ректор проф. д-р Мурат Туркјилмаз, пак, истакна дека тие секогаш им излегуваат во пресрет на странските студенти кои доаѓаат во Едрене.
Суденаз Белук, студентка од Западна Тракија и ги следи студиите на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот „Тракија“, изјави дека е среќна што студира на универзитетот за кој отсекогаш сонувала.