Fatma Bülbül
11 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Според безбедносни извори, политичар на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) е убиен синоќа од страна на терористите на ПКК во подрачјето на Диџле, во југоисточната турска покраина Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека терористите на ПКК отвориле оган врз Дерјан Актерт, претседател на АК Партија за областа Диџле, додека тој се наоѓал на своето работно место.
По нападот беше започната истрага за пронаоѓање на терористите.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ. Таа ја продолжи својата 30-годишна оружена кампања против турската држава во јули 2015 година.
Оттогаш, во терористички напади на ПКК загинаа над 600 припадници на безбедносните сили, како и голем број цивили, вклучувајќи жени и деца, а повеќе од 7.000 терористи на ПКК се убиени во операциите на армијата.