Tutku Şenen
07 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
КОЊА (АА) - Според судски извори, во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО, денес турскиот суд лиши од слобода 20 воени пилоти, јавува Anadolu Agency (AA).
Од вкупно двесет и пет пилоти, дваесетмина се задржани во притвор, вклучувајќи и две женски лица, додека петмина се ослободени под судска контрола, вели изворот под услов на анонимност.
Државниот обвинител во Коња, на 27 октомври издаде налог за приведување на вкупно 73 воени пилоти, кои се товарат за поврзаност со организацијата ФЕТО. Меѓу нив има 71 потполковник и два полковника. Во досегашните операции во 17 турски области, 69 пилоти се задржани во притвор, од кои 44 беа ослободени под судски надзор.
Денешната бројка на ослободени воени пилоти под судски надзор се зголеми на 49.
ФЕТО е терористичка организација позната како „Паралелна државна структура“, бидејќи во сите турски институции инфилтрираше свои поданици и преку нив работеше на рушење на државниот поредок во земјата.
Оваа терористичка организација на 15 јули изврши неуспешен обид за воен удар во Турција, по што официјална Анкара од САД формално побара привремено апсење и екстрадиција на основачот и водачот на организацијата, Фетула Ѓулен, кој живее во Пенсилванија.
Во неуспешниот обид за воен удар загинаа 246 лица, а речиси 2.200 беа повредени.